Општа еуфорија ја зафати кумановската Спотска сала, откако домашниот кошаркарскиот клуб со одлична игра на мечот со КК Работнички, успеа по вторпат во историјата да игра во финалето за шампионската титула.
Пред преполната сала, на домашен терен КК Куманово по вторпат славеше над Работнички, овојпат со 85-71 (24-14, 18-8, 20-22, 23-27), одмаздувајќи му се на овој голем ривал за поразот во полуфиналето од Купот на Македонија.
Воведот на мечот го одбележа израмнета игра на двете страни, а во средината на четвртината Работнички поведе минимално со 14-13.
Избраниците на Тодоровиќ благодарение на цврстата одбрана и примените осум поени и тоа само два од игра, на полувреме замина со предност од дваесет поени (42-22).
На крајот повеќе од заслужено домашниот состав на Куманово се радуваше на пласманот во финалето.
По остварената победа, во кумановската Спортска сала, настана вистинска еуфорија, а играчите на КК Куманово, радувајќи се за триумфот заедно со публиката, се качија на трибините каде беа дочекани од своите верни поддржувачи, навивачите на групата ”Кумани”