Поранешниот премиер на Пакистан пуштен од притвор

Сподели со своите пријатели

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан, обвинет за кршење на пакистанскиот антитерористички закон, е ослободен од притвор, изјави партиски претставник.

Loading...

Деталите за одлуката на судот не се познати, но Кан доби „привремено ослободување“ до 1 септември, изјави поранешниот министер за информации и функционер на Пакистанското движење за правда (ПТИ), Фавад Чаудри.

Одлуката на антитерористичкиот суд ќе му овозможи на Кан да продолжи со собири низ целата земја, барајќи предвремени избори.

Кан беше уапсен и обвинет по говорот на 20 август во кој тој тврдеше дека властите го мачеле неговиот близок соработник Шахбаз Гил, кој претходно бил приведен поради обвинение за бунт.

Имран Кан, поранешна ѕвезда на крикет, беше сменет на почетокот на април со гласање недоверба во парламентот.

Оттогаш, тој организира големи собири низ земјата, критикувајќи ја владата на премиерот Шехбаз Шариф, за која вели дека му била наметната на Пакистан со американски заговор.

И покрај неговата смена, Кан сè уште има поддршка од голем број Пакистанци.