Поради нередите во Британија досега се уапсени над 740 лица

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 740 луѓе се уапсени ширум Велика Британија и 300 обвинети за немирите кои следеа по лажните информации на социјалните мрежи дека барател на азил уби три девојчиња и повреди 10 лица во градот Саутпорт во Мерсисајд на 30 јули.

Loading...

Главниот обвинител во северен Лондон, Јасвант Нарвал, изјави дека нејзиниот тим е подготвен да испорача брза правда по повеќе од една недела зголемени тензии во градовите низ Англија, пишува лондонски стандард.

Расистичките напади и немири главно беа насочени против муслиманите и мигрантите, при што бунтовниците ги напаѓаа хотелите во кои престојуваат барателите на азил и ги кршеа вратите, додека џамиите беа гаѓани со камења.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Според британскиот премиер Кир Стармер, инволвираните во немирите наскоро би можеле да бидат изведени пред лицето на правдата, иако веќе се изречени „значителен број казни“.

„Тоа е многу важен дел од пораката до секој што размислува да се вклучи во понатамошно хаос“, рече Стармер.