Семејна куќа во населбата Тоде Мендол или во народот позната како Диво насеље, поточно лоцирана на улицата „Јован Поповиќ“ била поплавена по обилните врнежи од дожд кои последните денови го зафатија Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во техничка интервенција за исвцрпување на водата интервенирале припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово со двајца пожарникари и едно противпожарно возило, а интервенцијата започнала во 12:45 часот, а траела до 17:30 кога е исцрпена целосната вода од објектот.
Loading...