Помпео: Си Џинпинг е поголема закана од Владимир Путин

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео изјави дека верува оти кинескиот претседател Си Џинпинг претставува поголема закана за светот од рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Тој во интервју за Sky News рече дека кинескиот претседател планира да владее со светот и додаде: „Тој сака да ве поседува.“

„[Си] планира да ја искористи својата марксистичко-ленинистичка визија за да ги спроведе хегемонистичките намери ширум светот и да воспостави кинеска економска и политичка доминација во секој дел од светот“, рече Помпео, пренесе Танјуг.

„Тоа е неговата лоша цел. Имаме обврска кон следната генерација да се спротивставиме на тоа“, рече тој.

На прашањето дали кинескиот претседател е поопасен од неговиот руски колега, Помпео одговори: „Апсолутно“.

„Владимир Путин има многу моќна нуклеарна програма и економија која зависи од една индустрија. Кога би произведувале енергија во Америка, таа индустрија би му била многу помалку вредна“, рече тој.