Помеѓу семејствата од Дива населба се шири манипулација за сместување во Хотел Куба

Сподели со своите пријатели

Сто дваесет и две семејства денес ја добија ветената еднократна помош од 100 000 денари поради оштетувања на нивните домови за време на вооружените дејства во Куманово, јавува АЛСАТ – М.

Loading...

Од вкупно 125 семејства кои побараа еднократна парична помош, денес се доделени средства на 122, а останатите три семејства ќе добијат средства во наредните денови откако денес се појавиле проблеми, т.е семејствата немале отворени активни банкарски сметки, јавува Алсат – М, повикувајќи се на изјава на Ејуп Халими, претседател на комисијата за проценка на штетите.

“Согласно владината одлука, Комисијата за проценка на штетите излезе на терен и ги евидентираше семејствата и направените штети за време на полициската акција во Куманово. Врз основа на направената проценка почна исплатата за семејствата кои претрпеле штети. Првично се пуштени 100 илјади денари за нивните потреби“, рече Ејуп Алими, претседател на Комисијата за проценка на штетите.

Како што пренесува Алсат – М, семејствата изразиле загриженост дека ќе бидат сместени во Хотел Куба, иако таквата информација била негирана од Халими кој изјавил дека таков предлог не е излезен од комисијата со која тој раководи.

DSC_0037 copy

Семејствата од Дивата Населба каде се одвиваа борбени дејствија на 9 и 10 мај, за Алсат – М велат дека не можат да најдат сместување, бидејќи Владата не им помогнала да најдат станови под кирија.

“Ние сме 18 членови и сите сме сместени кај роднини. Некој во Арачиново, а некој во Оризари. Немаме кај да одиме. Државата не лаже, нема ниту пари за станови, ниту привремени сместувалишта. Срам ни е да тропнеме на нечија врата. Треба да платиме кирија, а немаме кај да земеме. Останавме на улица. Кај да одиме, немаме друго решение“.

Бавноста на институциите ги револтира жителите кои веќе две недели се оставени на немилост откако по престрелките во Куманово тие останаа без своите живеалишта., пишува Алсат – М.

Од друга страна, Општина Куманово на 10 мај, на сите семејства од оштетените куќи, им понуди сместување во неколку училишни спортски сали и месни заедници.

Loading...

Кумановскиот некогашен Хотел Куба беше користен како прифатен центар за раселените лица од општина Липково, и после нивното иселување, комплексот е оставен на милост и немилост на несовесните граѓани.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *