Полска се подготвува за можен воен конфликт со Русија

Сподели со своите пријатели

Полскиот заменик министер за одбрана Марцин Оциепа изјави дека верува оти постои сериозен ризик од војна со Русија и дека преостанатото време треба да се искористи за опремување на воените сили, пренесува АП.

Loading...

– Постои сериозен ризик од војна со Русија, која може да се случи во следните три до десет години – изјави Оциепа за полскиот весник „Џиеник газета“.

Тој додаде дека овој можен исход ќе зависи од развојот на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Зборувајќи за временската рамка, Оциепа истакна дека Полска очекува на Русија да и бидат потребни наведениот број години за да го обнови својот воен потенцијал, додавајќи дека Полска треба да го потроши тоа време целосно да ја модернизира својата војска, без оглед на цената.

– Ова време треба да го искористиме за целосно доопремување на полската армија. Наша задача е тие пари да ги најдеме и правилно да ги искористиме – рече заменик министерот за одбрана.

Според Ociepa, во нацртот на државниот буџет за следната година се планирани рекордни расходи за армијата – над 97 милијарди полски злоти (околу 20 милијарди долари), од кои 40 милијарди злоти се капитални трошоци наменети главно за реализација на инвестиции од страна на Министерството за национална одбрана на Полска.