Полска е подготвена целосно да ги затвори границите со Белорусија

Сподели со своите пријатели

Полска е подготвена целосно да ја затвори границата со Белорусија, изјави заменик министерот за надворешни работи на Полска Павел Јаблонски во емисијата „Полско радио“.

Loading...

„Ако постои таква потреба, особено мотивирана од безбедносни прашања, тогаш секако сме подготвени. Сепак, тоа ќе го анализираме како што се развиваат настаните“, рече Јаблонски на прашањето дали Полска е подготвена целосно да ја затвори границата со Белорусија.

Истовремено, тој негира дека одлуките за затворање на границите се политички мотивирани.

„Ние не носиме такви одлуки потпирајќи се само на политички фактори. Разбираме дека има превозници и стоки што може да се превезат преку граница и тие тоа го користат. Но, ако нашите анализи покажат дека има се поголема закана за безбедноста, тогаш може да се носат такви одлуки“, рече заменик министерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Претходно беше најавено дека Полска од 19 часот ќе го затвори граничниот премин за товарен сообраќај на последниот активен граничен премин со Белорусија, Кукурики-Козловичи, пренесува Спутник.

Минатата недела на иницијатива на полските власти беше затворен полско-белорускиот граничен премин Бобровники. На белоруско-полската граница има само еден граничен премин Брест-Тереспол за патници и ниту еден за товар, пренесува Спутник.