Почна тампонирање во кумановското село Тромеѓа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна тампонирање во кумановското село Тромеѓа, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово.

Loading...

Тампонирањето е дел од годишната програма за санација на улици во општината.

 

 

– Ќе се тампонираат неколку улици во ова населено место. Претходно заврши тампонирањето во неколку приградски населби и села како што е Четирце, Проевце. Во следниот период во зависност од временските услови ќе продолжиме и во други населени места, изјави, помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

 

Loading...

 

Општина Куманово на јавен тендер во средината на мај годинава, избра компанија за градежни работи и тампонирање на сообраќајници на подрачјето на општината. Општината одвои 2.728.278 денари со вклучен данок на додадена вредност за тампонирање на улиците во кумановско. На огласот беше избрана фирмата од Куманово „Фишер Тихи ДОО увоз-извоз“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  36-годишна кумановка физички нападната од сопругот

 

 

Во ова село, претходно почна изградбата и на фекална канализациска мрежа со потисен цевковод во кумановското село Тромеѓа, информираа денеска од општината. Мрежата се гради од почетокот на влезот на селото, механизацијата на избраната компанија веќе е на терен. За изградба на мрежата од општинскиот буџет одвоени се одвоени се 818.904.78 денари.

МИА