Почна тампонирање во кумановското село Доброшане

Сподели со своите пријатели

Почна тампонирање во кумановското село Доброшане соопштија надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово.

Loading...

Тампонирањето е дел од годишната програма за санација на улици во општината.

 

 

– Ќе се тампонираат неколку улици во ова населено место. На овие улици претходно беше поставена фекална канализација. Поради градежните активности заради поставување на мрежата, извесен период улиците не беа проодни за пешаците, изјави, помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Претходно, тампонирани беа улици во повеќе рурални средини како што се Проевце, Лопате, Тромеѓа, Четирце, како и во неколку приградски средини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

 

Loading...

 

Општина Куманово на јавен тендер во средината на мај годинава, избра компанија за градежни работи и тампонирање на сообраќајници на подрачјето на општината. Општината одвои 2.728.278 денари со вклучен данок на додадена вредност за тампонирање на улиците во кумановско. На огласот беше избрана фирмата од Куманово „Фишер Тихи ДОО увоз-извоз“.

МИА