Почина Звонко Јосевски, истакнат правник од Куманово

Сподели со своите пријатели

На 67-годишна возраст денеска по кратко боледување почина Звонко Јосевски, истакнат правник од Куманово.

Loading...

Јосевски ѝ е познат на кумановската јавност поради својата богата професионална кариера во правосудството. Има работено како судија, бил претседател на Основен суд Куманово, а подоцна работел како адвокат од областа на кривичното право.

Од семејството на Јосевски информираат дека погребот ќе биде утре во 13 часот на градските гробишта во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Драгоманце расфрлани летоци, во Крива Паланка делени бонови за гориво