„Плусинфо“: МВР тврди дека во Диво Насеље се ранети 37 лица, а Обвинителството вели 42

Сподели со своите пријатели

МВР објави дека во престрелката со терористите во мај годинава во Куманово биле ранети 37 полицајци. Таа бројка цело време беше потврдувана и кажувана од полицискиот врв и денови после акцијата. Но, Јавното обвинителство во својот обвинителен акт поднесен против уапсените терористи вели дека осуммина од специјалните сили на МВР загинале, а 42 се тешко повредени, односно петмина повеќе од тоа што го потврди МВР.

Loading...

Тешките повреди ги здобиле во 28-часовната војна од која годинава се случи во кумановската населба Диво насеље. Обвинението има 53 страници образложение за тоа за што се обвинети 29 лица за тероризам, а самата листа на докази и опис кој доказ каде се чува е напишана на 39 страници.

Првите 19 од обвинителниот акт наведени со псевдоним „Ц“ и „УПС“ се припадници на МВР и ќе бидат заштитени сведоци во судскиот процес против групата. Четворица без идентитет само со псевдоним ќе бидат сведоци, а се од службите за безбедност на Македонија.

Во завршената истрага е дознаено дека двајцата „мозоци“ на групата, косоварите Мирсад Ндрецај и Бег Ризај загинале на таван од куќата на улицата Тоде Мендол каде се криеле, не се предале како нивните „колеги“ и се бореле додека не биле ликвидирани. Меѓу тие на кои ќе им се суди е Сами Укшини, Мухамед Красниќи- Малишева и Деме Шеху. Во бегство е Зијадин Красниќи кој успеал да избега од бојното поле во Диво Насеље.

Групата во земјава илегално влегла меѓу 2 и 8 мај. Само еден од нив влегол легално, преку граничниот премин Табановце. Прво се сокриле во селото Отља, а со три возила дел од нив стигнал во Куманово, па се сместиле во изнајмени куќи на улица Перо Илиевски.

Повеќе прочитајте со кликнување тука.

Сторијата е преземена од порталот Плусинфо.мк