Петрушевски ги демантира изнесените невистини за пајак возилото, алармира на континуиран притисок врз претпријатието

Сподели со своите пријатели

Куманово остана без новото пајак возило откако полицијата вчера го исклучила до сообраќај, информираше денеска на прес конференција директорот на ЈП „Куманово паркинг“, Сашо Петрушевски.

Loading...

На прес конференцијата директорот ги демантираше изнесените невистини во дел од порталите во врска со пајак возилото, а воедно потенцира дека јавното претпријатие е под постојан притисок.

Како што појаснува тој, завчера возилото било стопирано од иснепктор на Државен инспекторат за транспорт и била побарана лиценца за транспорт, што како појаснува директорот, таква лиценца по закон не треба да има претпријатието.

– Увид на документите за сите други потребни документи не ги гледаше, туку ни бараше документи кои ги немавме и ги немаме, и ниту едно јавно претпријатие на ниво на Република Македонија ги нема. Ни беше одземена сообраќајната дозвола на 30 дена. Веднаш направивме жалба до второстепена комисија и ако не ја вратат сообраќајната ќе водиме управна постапка пред Управен суд, затоа што одговорно тврдам дека сме во право, вели Петрушевски.

 

 

Според Петрушевски, возилото не треба да има таков документ, оти во сообраќајната дозвола стои дека се специјално возило.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

– На 28ми четврти пуштивме старо пајак возило за да ги вршиме континуирано своите работни задачи. Веднаш по излегување од депото бевме сопрени од службено лице од Полициска станица за општа надлежност, каде според негово видување требаше да одиме на технички преглед. Во меѓувреме беа повикани крим техника, економски криминал, стоевме два и пол – три часа и во разговор ни беше кажано дека тоа е наредба од горе. Отидовме на технички преглед каде во одреден дел од прегледот возилото немаше сијаличка на регистарска табличка и параметрите на задното кочење не беа според законски прописи. Тоа се аномалии кои веднаш ги исправивме, вели директорот.

Откако ги отстраниле пронајдените аномалии на старото возило, Петрушевски вели дека им била вратена сообраќајната дозвола.

Петрушевски ги демантираше и написите на одредени портали во кои стои дека пајак возилото нема А тест. Вели дека ги имаат сите потребни документи за вршење на дејноста.

– За да биде хронологијата посимптоматична вчера во некој веб портал, кој е контролиран од страна на власта, излегоа невистини за целата хронологија настани, каде беше кажано дека пајак возилото нема а-тест. Имаме атест од 27 февруари 2023 година и налепница стои на самото пајак возило и ги имаме сите потребни документи за вршење на оваа дејност.  Мене ми е нејасно зошто се изнесуваат тие невистини и тоа е се со цел работата на градоначалникот на Куманово и јавното претпријатие, притисоци кои се континуирани од некои министерства. Можам да кажам дека сите овие дозволи кои се потребни за работењето на пајак службата, на двата пајака, јавното претпријатие ги поседува. Зошто е сето тоа вака, ќе процени кумановската јавност. Поедините луѓе ги злоупотребуваат функциите, ги злоупотребуваат министерствата и мислам дека ова е уште еден атак кон јавното претпријатие, градоначалникот и кон сите граѓани, вели Петрушевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Петрушевски вели дека ги имаат сите потребни документи, а во самата сообраќајна дозвола издадена од СВР Куманово стои дека пајак возилото е специјално возило.

– Не знам зошто се овие напади, бидејќи веќе континуирано се случуваат, некои наши службени лица во минатото беа со часови задржувани во СВР Куманово, па потоа беа пуштени и овие напади се континуирани. Би апелирал до сите надлежни органи да престанат бидејќи јавното претпријатие работи во интерес на граѓаните. Ние сме услужна служба на СВР Куманово каде што учествуваме во безбедност на сообраќајот и го регулираме со помош на тоа пајак возило сообраќајот. Сите казни и неправилности ги детекгира полицијата, ние на основ на тоа што го регулираат сообраќајот вршиме услужна дејност, рече директорот на денашната прес конференција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Според Петрушевски ова е личен или политички атак и злоупотреба на службената должност. Пајак возилото, вели тој, било регистрирано на 22ри август минатата година и било технички исправно.

– Со ова се злоупотребуваат и министерствата и луѓето кои работат, се прави притисок и сакаат да направат една слика каде што има хаос во Куманово, градоначалникот е виновен за сообраќајниот хаос, мислам дека тоа се невистини и сакам остро да ги демантирам, вели тој.

Loading...

Пајак службата ќе продолжи да функционира со старото возило по празничниот викенд, појасни директорот, додека за новото ќе чекаат одговор од институциите, во спротивно правдина ќе тераат на суд.

Никола Ивановски