Пет совети за добар однос со партнерот за време на изолација

Сподели со своите пријатели

Романтичните приказни и филмови честопати ни даваат претпоставка дека ако навистина сакаме некого, тогаш сакаме да ја поминеме секоја секунда со таа личност.

Loading...

Но, нашето животно искуство вели поинаку – заедништвото и одвоеноста совршено коегзистираат едни со други, како што вдишувањето и издишувањето.

Иако едвај чекате да поминете неколку часа, па дури и цел ден, со вашиот партнер, ситуацијата сега е различна.

Самоизолацијата не е планирана и дефинитивно не се очекува, па затоа е исполнета со вознемиреност, срам и страв од очекување на нови вести за пандемијата.

Поради ова, ситуацијата можеби не е идеална, затоа прочитајте неколку совети што можат да ви помогнат да извлечете максимум од фактот дека вие и вашиот партнер треба да поминете цел ден заедно во ист простор.

1. Вежбајте емпатија

Земете го предвид цитатот: „Првата работа што треба да ја знаеш за мене е дека не сум ти. Сè ќе има смисла кога тоа ќе го прифатиш“.

Работите како животните искуства, темпераментите и семејниот живот директно ја обликуваат нашата личност и влијаат на тоа како се справуваме со стресот и неизвесноста. Шансите дека вие и вашиот партнер ќе се справите со пандемијата на ист начин се многу ниски, поради што треба да бидете особено разумни и емпатични кон него/неа, како и кон себе. Запомнете дека безбедноста во семејството доаѓа на прво место.

Loading...

2. Бидете одвоени – заедно

Колку и да звучи збунувачки, има смисла. Можно е да се сака некој додека ви треба сопствен простор и време, а тоа може да се постигне дури и во вонредни околности.

Потрудете се да му објасните на вашиот партнер, на нежен и убав начин, дека сакате да поминете некое време сами.

Покрај тоа, прифатете го фактот дека тој исто така веројатно ќе ве праша за тоа. Во оваа ситуација, можете да се согласите кој ќе престојува во кој дел од куќата и кога ќе поминете време заедно.

3. Грижете се за себе!

Одржувањето квалитетна врска со партнерот започнува од вас самите и колку се грижите за себе. Тешко е да бидете нежни и внимателни кон вашиот партнер ако не сте кон себе, затоа е важно да се грижите за себе и да посветите доволно внимание на вашите сопствени потреби.

Бидете сигурни дека јадете редовно и здраво, вежбајте и движете се редовно, проверете дали спиете добро и редовно и избегнувајте алкохол.

4. Подгответе се за фактот дека расположението на домашните ќе се промени

Loading...

Доколку и вие или партнерот инаку проблеми со анскиозност, стрес и слични работи, многу е веројатно дека тоа ќе се влоши во новонастанатата ситуација. Затоа е важно однапред да разговарате со вашиот партнер и да одредите како треба да се однесувате кога работите одат нагоре.

Што ве смирува и ви помага да ја намалите анксиозноста? И што го намалува стресот кај партнерот?

5. Бидете внимателни при изборот на зборови или воопшто не зборувајте

Во вонредни ситацуии и под стрес, можете да реагирате на различни начини, а емоциите честопати лесно се пренесуваат и се заразни, така што партнерот, доколку сте под стрес, ќе се чувствува навистина лошо.

Во такви ситуации, многу е тешко да се изберат зборови и да останеш смирен. Наместо да започнете конфликт кога се чувствувате лошо, обидете се да му објасните на партнерот дека не сте расположени и ви треба простор, а потоа разрешете го недоразбирањето кога ќе се стабилизирате.

Leave a Reply