Пет пожари изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет интервенции имале кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција била во атарот на селото Студена бара, каде во дворно место се запалиле греди (дрва). Интервенирале двајца пожарникари во период од 14:20 до 15:45 часот.

Во селото Љубодраг горела сува трева, при што интервенирале двајца пожарникари од 14:25 до 14:45 часот.

Сува трева горела и во атарот на селото Романовце, каде во период од 15:20 до 18:50 часот интервенирале двајца пожарникари.

На улицата „Доне Божинов“ гореле сува трева и смет. Во период од 17:15 до 18:20 часот интервенирале двајца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник од Куманово приведен поради кражба

Последната интервенција вчеравечер била на запалена трева во атарот меѓу селата Четирце и Табановце. Двајца пожарникари го гаснеле пожарот од 19:30 до 20:10 часот.

Во овој момент нема информации за активни пожари на територијата на кумановско.

Никола Ивановски

Loading...