Две златни, еден сребрен и две бронзени медали освоија гимнастичарите на кумановскиот клуб „Атлета“ на Државното првенство во Битола во поединечна конкуренција.
На првенството клубот учествуваше со 19 натпреварувачи, од кои 9 во машка и 10 во женска конкуренција.
Во силна конкуренција над 160 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија две златни медали, еден сребрен медал и две бронзени медали медали во поединечна конкуренција.
Калин Илијевски освои два златни медали, во програмата машки „А“ до девет години во категорија помлади пионери, како и во категоријата постари пионери во „Б“ програмата.
Милош Јовановиќ исто така се избори за прво место.
Георгиј Мартиновски освои второ место во категорија помлади пионери, додека во истата категорија Младен Петрушевски и Марко Величковски освоија трето место.
Во женската „Б” програма Вања Стојановска освои петто место во категорија постари пионерки во поединечна конкуренција.
После 27 години Гимнастиката во Куманово се враќа на она место каде што припаѓа.
– Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала, од причина што градот има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Исто така се надеваме дека „Соколана” може да биде целосно гимнастичка сала само за гимнастика, каде што ќе може нашиот град да биде домаќин на државни првенства во спортска гимнастика, изјави тренерот Филип Миленковски.
Гимнастички клуб Атлета полека станува еден од трите најдобри гимнастички клуба во државата.
Никола Ивановски