Пет илјади луѓе го бодреа КК Куманово со песни и грандиозно навивање (видео)

Сподели со своите пријатели

Куманово и кумановчани конечно ја дочекаа победата на домашниот тим и влезот во финале на кошаркарското првенство после цели 13 години.

Loading...

КК Куманово со убедлива победа над Работнички со резултат 85:71, заслужено се пласираше во финалето на плејофот во домашната кошаркарска лига.

Куманово водеше во текот на целиот натпревар, и во еден момент водеше дури и со 24 поени разлика. Најефикасен кај победничката екипа беше Урош Луковиќ кој натпреварот го заврши со 22 поени и седум скока.

На трибините, присутен беше и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски кој го бодреше скопскиот тим.

По победата на домашниот тим, во спортската сала во Куманово настана вистинска победничка еуфорија.

Играчите на КК Куманово по завршувањето на натпреварот, се искачија на трибините, каде заеднички прославија со своите фанови и навивачите на групата Кумани.

Loading...

 

Leave a Reply