Русија продолжува да го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Ние, се разбира, продолжуваме да го поддржуваме Башар ал Асад“, рече Песков на брифинг, коментирајќи ја ситуацијата во Сирија, откако терористичките групи ги нападнаа провинциите Алепо и Идлиб минатиот четврток, прекршувајќи го договорот за деескалација.
Русија ја анализира ситуацијата во Сирија и ќе формулира став за тоа што е потребно за стабилизација, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Коментирајќи ги изгледите за преговори за Украина, Песков изјави дека главната работа за Русија е да ги постигне своите цели.
„Најважно е да се постигнат целите кои се поставени. Продолжуваме со специјалната воена операција, добро е позната состојбата на фронтовите… Факт е дека и динамиката на фронтовите е јасна: има замор со Володимир Зеленски. Овој замор расте“, истакна Песков.