Во рамките на денешната посета на Куманово, вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски се сретна и со жителите на населбата Карпош каде се запозна со нивните проблеми и маки.
Loading...
[huge_it_gallery id=”318″]
Меѓу проблемите кои што се наметнаа во разговорot се инфраструктура и невработеноста помеѓу кумановци на која како што истакна и пратеникот во Собранието на Република Македонија од Куманово, Зоран Ѓорѓиевски, Куманово е првиот град по невработеноста во државата.
Пешевски во своето поздравно обраќање истакна дека нема идеални политички п партии, но за разлика од СДСМ ќе водат политика за подобрување на животот на граѓаните.
Они ќе тераат деструктивна политика како и до сега. Ќе гледаат што повеќе да отвараат приказни, скандали, кривични пријави да пуштаат, а ние ќе гледаме што може повеќе проблеми да решиме и што може повеќе проекти да реализираме – изјави Пешевски.
Еден жител на населбата се пожали на катастрофалните услови напатот кој минува низ населбата, поточно улицата 100. Тој вели дека за проблемот се обратиле во Општина Куманово, но од таму им рекле дека патот е под ингеренција на ЈП „Македонија пат“. Од друга страна пратеникот Зоран Ѓорѓиевски пак вели дека патот е локален и под надлежност на локалната самоуправа.
Како можеше да го прави тротоарот ако не е во негова ингеренција. Да не се лажеме во мојата програма кога јас бев кандидат за градоначалник како локално решение за тротоари стоеше и овој тротоар тука на овој пат. Лева страна на пат како тротоар стоеше како итно решение во населба Карпош. Значи ако е регионален пат локално не може, а тој пат каде што е населба, вие сте населба и надвор од неа е регионален пат, а тука е локален – одговори пратеникот Зоран Ѓорѓиевски.
Истиот граѓанин се пожaли за недостаток на канализација во месноста викано Ливади и дека во летно време се гушат во лоша миризба. Од општината им рекле дека нема 3.000 евра пари за изработка на проект, на што самите жители собрале пари и го изготвиле. Но, истиот се уште и по пет месеци го немало на седниците на Советот. Документацијата му беше предадена на вицепремиерот Владимир Пешевски по што ќе биде разгледана од надлежните министерства.
Друг жител на насебата се пожали на малверзации правени со порезите на имот кои ги плаќаат, односно дека средствата кои до минатите години ги плаќале биле помали за разлика од сега, а имотот е ист. На тоа Ѓорѓиевски вели дека тимовите од локалната самоуправа кои вршеле проценки на имтот впишувале поголеми цифри за да се плаќа поголем порез од кој 0,4% одат во Буџетот на општината.
Loading...
Владиниот тим ќе се сретне и со жителите на населбата Иго Тричковиќ каде исто така ќе се разговара за локалните проблеми на населението.