Пендаровски, Спасовски, Шукова и Алиу утре во Пелинце

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски утре во 10:15 часот, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце.

Loading...

Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, ќе биде положено свежо цвеќе, по што претседателот Пендаровски, ќе се обрати и следува организирана културно-уметничка програма.

На споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце, по повод националниот празник Илинден, владината делегација ја сочинуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

По настанот Пендаровски продолжува кон манастирот „Прохор Пчински“ каде ќе го пречека неговиот српски колега Александар Вучиќ.

Никола Ивановски