ПАТНИЦИТЕ ВО ПАНИКА: На аеродром оставил куфер со 22 тарантули

Сподели со своите пријатели

На аеродромот во Дизелдорф, во оставен куфер, пронајдени се 22 живи тарантули, соопштила германската царина. Кога е пронајден сопственикот на куферот, 47-годишник од Есен, рекол дека е одгледувач на тарантули и дека некои од нив во куферот носат малечки тарантули.

Мажот патувал од Парагвај во Германија, а сега е под истрага поради обид за избегнување на плаќањето данок затоа што тарантулите се сметаат за комерцијален увоз, наведуваат од германската царинска управа.

ЗАБОРАВЕТЕ ГИ МАЧКИТЕ: Оваа жена живее со 1.500 тарантули (видео)

Loading...

Пајаците се конфискувани за да ветеринарите ја одредат состојбата на нивното здравје.

Тарантулите се распространети низ целиот свет, а се хранат обично со инсекти, мали глодари, птици, змии и други ситни животни.

Се работи за ноќни животни, нивните активности започнуваат во попладневните часови и навечер, а ловат плен со помош на отров.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иднината на чоколадото е неизвесна поради разорен вирус кој брзо се шири

Leave a Reply