На аеродромот во Дизелдорф, во оставен куфер, пронајдени се 22 живи тарантули, соопштила германската царина. Кога е пронајден сопственикот на куферот, 47-годишник од Есен, рекол дека е одгледувач на тарантули и дека некои од нив во куферот носат малечки тарантули.
Мажот патувал од Парагвај во Германија, а сега е под истрага поради обид за избегнување на плаќањето данок затоа што тарантулите се сметаат за комерцијален увоз, наведуваат од германската царинска управа.
ЗАБОРАВЕТЕ ГИ МАЧКИТЕ: Оваа жена живее со 1.500 тарантули (видео)