Папата во својата порака на самитот COP29: Зачувувањето на светот поврзано со зачувувањето на мирот

Сподели со своите пријатели

Зачувувањето на светот е едно од најважните прашања на нашето време, кое е тесно поврзано со зачувувањето на мирот, рече денеска папата Франциско во пораката што во негово име ја предаде државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин на COP29 на Самитт на ОН за климатски промени во Баку.

Loading...

„Треба да се однесуваме и да живееме како членови на едно семејство кое го населува истото меѓусебно поврзано глобално село“, апелираше папата, пренесе Анса.

Според неговите зборови, научните податоци со кои располагаме не дозволуваат дополнително одложување на решавањето на ова прашање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грузија: Десетици демонстранти уапсени, безбедносните сили употребија солзавец и водени топови

„Тоа прашање е едно од најважните и најитните и мора да признаеме дека е тесно поврзано со зачувувањето на мирот“, ја пренесе Паролин пораката на Папата.