Папата: Мора да се направат сите напори за да се стави крај на војните во Украина и Газа

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско денеска повторно повика на мировни преговори, нагласувајќи дека мора да се вложат сите напори за ставање крај на војните во Украина и во Појасот Газа.

Loading...

Папата за време на своето обраќање на плоштадот Свети Петар рече дека никогаш не треба да заборавиме дека војната е секогаш пораз и дека затоа треба да се вложат сите напори за да се стави крај на војната, пренесе Ројтерс.

Папата (87) денеска повторно го ограничи своето учество во обраќањето до јавноста поради здравствени проблеми, односно поради тоа што не се опорави целосно од бронхитис и грип.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Молдавија ветува дека ќе се спротивстави на „руската пропаганда“ пред изборите

И денес, помошникот на папата читаше поголем дел од обраќањето на Папата.

Папата Франциско на почетокот на овој месец изјави дека Украина треба да започне преговори со Русија.

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин подоцна објасни дека Русија прво треба да престане со својата агресија врз Украина.