Овие двајца пронашле начин како да го пропатуваат светот без пари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Како и многу млади луѓе, Бен харис сака да го обиколи светот. Разликата помеѓу него и оние кои за тоа само сонуваат е во фактот што тој пронашол начин сонот да го стори јаве. За само година и половина посетил 39 земји и колку и да звучи неверојатно, истовремено успеал да заштеди пари.

Харис и неговото момче, 28-годишниот Маријано Ребатини Капуро, развиле необична стратегија како да си приуштат патување низ светот.

Патуваат низ светот и успешно заработуваат од тоа, сега советуваат како (фото)

Loading...

Се вклучиле во мрежата „Чувари на куќи“ (house sitters), а благодарение на својата внимателност и со малку среќа, станале високо котирани на сајтот „TrustedHouse Sitters“ (доверливи чувари на куќи). Суштината е поедноставна – бесплатно престојуваат во празни куќи на непознати луѓе (понекогаш само на два-три дена, а понекогаш и цел месец), за возрав ги чуваат нивните миленици и го негуваат цвеќето.

https://instagram.com/p/BdnP_e1n9R8/?utm_source=ig_embed

Двајцата детално го планираат денот, а се се врти околу домашните миленици, кои понекогаш се прилично захтевни. Меѓутоа, чувањето на кучите пружа ниво на комфор какво не постои во хотелот.

– Тоа е како да сте на гости кај пријател, каде ви е удобно како дома – вели Бен.

Сајтовите од тој тип, како што се „MindMyHouse”, „House Carers” i „TrustedHouseSitters“, последните година дена се јавуваат како печурки по дожд. Откако е лансиран во 2010 година „TrustedHouseSitters“ стекнал над 30.000 регистрирани членови.

https://www.instagram.com/p/BQsty8-B4mX/?utm_source=ig_embed

Харис е роден во Ричмонд, Вирџинија, но пораснал во Џорџија, каде студирал. потоа заминал во Аргентина да работи, каде и го запознал Маријано.

Кон крајот на 2016. година со ранци тргнале на пат низ американскиот континент, а спиеле во „Aribnb“ сместувања и по хостели. Кога сакале да го посетат Њујорк, сфатиле дека сместувањето им е прескапо. Слушанел за можноста за чување куќи, па се одлучиле да си ја пробаат среќата. Се пријавиле и по само еден разговор на Скајп биле повикани да чуваат златен ретривер и да негуваат цвеќе во трокреветен стан во Источен Харлем.

– Се погледнавме и мислевме дека е предобро за да биде вистинито, но сепак купивме билети, вели Бен.

https://www.instagram.com/p/Bdk4AfXHTXh/?utm_source=ig_embed

По тоа искуство започнале да патуваат по светот. За следните три месеци чувале куќи во Монтреал, Милано, Брисел, Лондон, Цирих и Кипар. Секако, не било лесно да ја победат конкуренцијата.

– За чување станови на Менхетен или Бруклин обично за ден-два се пријавуваат и по 50 кандидати, вели Бен.

За да се издвојат од масата, Бен и Марио на својот профил објавиле и видео и немаат стандардна пријава, туку секогаш повторно ја пишуваат.

https://www.instagram.com/p/BP–Dt0ARaO/?utm_source=ig_embed

Харис и Маријано наоѓаа време и за својата редовна работа. Двајцата работат за онлајн компанија за учење јазик на интернет и заедно заработуваат околу 23.000 долари годишно. Освен тоа, работат и како независни преведувачи, што им донесува дополнителни 400-2.100 долари месечно. Со буџет од 2.000 долари, кој ги опфаќа патувањата, исхраната и шетањето по локалните културни споменици, Бен годишно заштедува околу 2.000 долари.

https://instagram.com/p/BZ5outQHUyi/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply