Овие 10 јазици е најтешко да ги препознаете

Сподели со своите пријатели

Според атласот на УНЕСКО за светските загрозени јазици, во Република Македонија се зборуваат 7 јазици кои се сметаат за загрозени.

УНЕСКО на скалата на загрозени јазици има неколку категории, и тоа: ранлив, дефинитивно загрозен, сериозно загрозен, критично загрозен, исчезнат и 0 или оживеан јазик.

Андејскиот јазик се смета за ранливо загрозен јазик, глобално гледано, додека во Македонија се смета за исчезнат. Тој припаѓа во групата северозападни кавкаски јазици, а се употребувал во Поварадарието и Источна Македонија.

Влашкиот јазик исто така се наоѓа во оваа група, сместен во категоријата дефинитивно загрозен. Тој спаѓа во групата индоевропски јазици, а во Македонија најмногу се употребува во пределите каде има поголем број на Власи и тоа во: Крушево, Пелагонија и Источна Македонија. Според пописот од 2002 година овој јазик во Македонија го користат 6.884 жители.

Балкански гагауско-турски јазик припаѓа во семејството турски јазици, а УНЕСКО го сместува во категоријата дефинитивно исчезнат. Бројката на жители кои го знаат овој јазик е помала од 4000 и тоа на територијата на Куманово и Битола.

Ладино јазикот исто така е на оваа листа и тоа во категоријата индоевропски јазици. Со фактот дека помалку од 200 жители во Македонија го знаат овој јазик, тој се наоѓа во категоријата сериозно загрозен. Овој јазик го користеле жители кои живеат на територијата на Битола и Скопје.

Во категоријата сериозно загрозени се наоѓа и мегленороманскиот јазик кој припаѓа во групата индоевропски јазици. Во Република Македонија овој јазик го знаат многу малку луѓе, а се користел на територијата на Јужна Македонија.

Верувале или не и ромскиот јазик се наоѓа на листата на УНЕСКО. Тој во светски рамки се смета за дефинитивно загрозен, додека во Македонија се наоѓа во ранливата категорија. Според податоците од последниот попис на овој јазик зборуваат околу 38.000 жители на Македонија и тоа претежно во Шуто Оризари каде има и најголем процент на ромско население, но се користи и во останатите делови од државата.

Загрозени се и торлачките дијалекти – група од македонски, бугарски и српски преодни дијалекти.

Pages: 1 2