Ова се погрешните причини за стапување во брак

Сподели со своите пријатели

Луѓето не се безгрешни. Често прават погрешни чекори кои можат да ги чинат сопствена среќа Еден од тие чекори се однесува и на стапувањето во брак.

Некогаш тоа го прават од сосема погрешни причини. Токму поради тоа и бројот на разводи од година во година расте. Доколку сакате вашата љубов да трае засекогаш, еве неколку причини поради кои никако не би требало да застанете пред матичар.

Исполнување желба на родителите

Тие ќе се чувствуваат подобро кога ќе знаат дека некој се грижи за вас. Меѓутоа, вистинската причина е тоа што сакаат да видат внучиња. Сепак, доколку вие не сте подготвени, не треба да влегувате во тие води само поради нивната желба. Слушајте се самите себе.

Кога фотографија од автопат на Инстаграм ќе ти го расипе бракот (фото)

Loading...

Бременост

За многумина причината за венчавка е бременоста. Тоа е погрешна причина, затоа што таа бременост очигледно не е планирана. Затоа освен новата улога како мајка, ќе добиете и улога на сопруга. Дали навистина сте подготвени на двете одеднаш?

Барате татко на децата

Природно е самохраните мајки да сакаат децата да им растат со двајца родители. Верувајте, вие сте им доволни на децата додека не дојде оној вистинскиот.

 

 

Долго сте во врска

Имате момче и добро ви е со него. Веќе долго сте во врска и сакате нешто да промените. Не влегувајте во брак доколку срцето не ви кажува така. промената која можете да ја направите е заеднички живот, секако доколку тоа го сакате двајцата.

Брак од интерес

Пливате во долгови, па сте одлучиле да се омажите за партнер кој ќе ви помогне да се извлечете од финансиските проблеми. Запрашајте се самите дали сопствената среќа има цена?

Сакате да се отселите од родителите

Бракот не е причина за бегање од родителското гнездо. Доколку повеќе не можете да живеете со родителите, можете да пронајдете цимер или цимерка и да се отселите

Притисок од околината

Секоја млада личност доаѓа во животна фаза кога општеството и блиските притискаат на брак. Не обрнувајте внимание на притисоците. Доволно сте големи да можете самите да одлучите кога ќе се венчате.

БИЗАРЕН ПАР: Се венчале, но бракот ќе можат да го конзумираат по 14 години

Брак поради кариера

Во одредени работни средини подобро ќе пројдете како мажена, семејна жена? Не наседнувајте на тие приказни.

Сите веќе се во брак

Вашите пријатели и познаници веќе влегле во брачни води и сега се чувствуавте како повеќе да не припаѓате во нивниот свет. Не попуштајте под притисоците. Нека работите одат по својот тек и љубовта ќе ве пронајде кога за тоа ќе дојде време.

Вечавка од соништата

Отсекогаш сте сонувале за својата венчавка како од бајките. Од соништата ќе се разбудите и ќе излезете од бајката откако ќе видите дека сте во заедница во која нема љубов.


Leave a Reply