Ова се некои од најстрашните ритуали во светот кои постојат и денес

Сподели со своите пријатели

Секоја култура има обичаи и традиции кои се сметаат за нормални од локалните жители затоа што едноставно се навикнати на нив, додека пак за луѓето од страна изгледаат навистина смешно или одбивно. Ширум светот постојат зачудувачки ритуали кои се практикуваат бидејќи луѓето кои ги извршуваат ритуалите, се надеваат на среќа.

Во Киргистан жените ги грабнуваат

Ако сте маж во Киргистан и здогледате жена која ви се допаѓа, едноставно ја киднапирате и ја присилувате да се омажи за вас. Тоа е стара традиција, потисната за време на комунизмот, но со паѓањето на железната завеса полека се враќа во актуелност. Според статистиката, половината бракови во некои краишта на земјата се склучени по пат на киднапирање. Често мажот се познава со девојката која ја грабнува, но има случаи и кога не е така.

Во Индија ги фрлаат бебињата

Секоја година во Шолапур, Индија, се одржува зачудувачки ритуал во кој бебињата се фрлаат од кула висока 15 метри. Бизарно изненадувачки е тоа што при овој ритуал не се користат безбедносни мерки, како на пример појаси зацврстени за нивните тела – тие паѓаат слободно во рацете на луѓето кои ги чекаат долу со чаршаф за кревет. Најзачудувачки, пак, е фактот што луѓето во Шолапур генерално не ја знаат поентата на овој обичај, не знаат зошто го фрлаат нивниот подмладок од зграда. Некои велат дека тоа е за здравјето на децата, додека другите сметаат ќе му донесе среќа на детето во иднината.

Племе во кое мажите се дотеруваат повеќе од жените

Кај африканското племе Водабе, мажите се тие кои се изложуваат како на продажба. Водабе мажите ја ценат убавината и минуваат цели денови во дотерување со цел да им изгледаат привлечни на жените. За време на годишниот фестивал на додворување наречен „Геревол“ тоа дотерување оди уште подалеку. Исто така, тие учествуваат во натпреварување во танц наречен „Јаaке“. За време на целиот фестивал, жените едноставно си шетаат опуштено, ги гледаат мажите, и си ги одбираат своите идни додворувачи.

Валкање на невестите во Шкотска

Во некои делови од Шкотска се практикува една зачудувачки необична традиција. Според неа, на денот на венчавката невестата се натопува со „миризлива“ мешавина од јајца, разни сосови, брашно и пердуви, по што таква извалкана се носи на парада низ градот. Во меѓувреме, пријателите и роднините прават голема врева удирајќи на тапани. Кој вели дека денот на венчавката треба да биде најсреќниот ден од животот?

Стружење на заби за младите

Кога хиндуистичките девојки и момчиња во Бали ќе навлезат во пубертет, тие имаат ритуал со стружење на заби. За време на оваа сложена церемонија, нивните горни очници се стружат додека да се направат како нивните секачи. Оваа крајно болна практика се изведува за младите луѓе да се ослободат од злите тенденции и да се подготват за брак.

Колибите во Камбоџа

Во Камбоџа татковците градат мали колиби за нивните ќерки тинејџерки, за да можат да истражуваат повеќе партнери, од социјална и сексуална гледна точка. Ова се прави за девојката да може да ја најде својата вистинска љубов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом