Ова се најчудните брачни обичаи во светот

Сподели со своите пријатели

Концептот на бракот не е исто во сите краеви од светот, туку зависи од земја до земја. Тоа е стара вест, но поимувањето на бракот, посебно доколку се работи за негово раскинување е тема на која и е потребна целосно нова студија.

Loading...

Логиката ни налага дека концептот на бракот се менува ако разводот има посебни правила. Некои држави и понатаму патат со правилник за развод кој датира од дамнешни времиња, а со самото тоа и луѓето кои сакаат развод ги приморува да размислат повторно.

Во продолжение ви пренесуваме десет најчудни и најбизарни Закони за развод ширум светот, некои од наведените се укинати, но и натаму постојат траги за нив, поради кои мора се прашамо како живеат некои луѓе или како некогаш живееле.

Саудиска Арабија

Во оваа земја жената стекнува право да побара развод од мажот доколку тој не и донесе свежо кафе секое утро. Знаеме дека жените сакаат утринска рутина, како и мажите, но зарем ова не е малку преедноставо?

Ова е само клаузула во Законот, затоа што бракоразводните парници во оваа кралство се реткост.

Хонг Конг

Во овој дел од Кина кој има посебен вид на автономија делот од Законот за развод е донесен со древните обичаи. Така сопругата има право да го убие мажот доколку го фати во прељуба. Доколку веќе се одлучи на казната предвидена со закон има право да го убие само со голи раце, но не и со употреба на било какво ладно или огнено оружје.

Loading...

Самоа

Во оваа држава тенички е легално жената да поднесе барање за развод доколку нејзиниот маж заборави на нејзиниот роденден. Колку самци би имало тогаш во Македонија, хм?

Шкотска

До 1939 година доколку сте биле интимни со некоја жена морало да се ожените со неа, но ова и не е толку контроверзно затоа што постојат држави во кои овој закон се уште опстојува.

Сојузна држава Кансас

Сосема е легално да поднесете барање за развод доколку машкиот сопружник и мјаката на сопругата не се сложуваат.

Кувајт

Древниот закон во Кувајт налага мажот да може да биде уапсен доколку сензуално погледне друга жена. Забрането е со „страс“ да гледа и женски род од животни. Поради што во Законот е водведено правилото за животни не е јасно, но најверојатно низ историјата на оваа земја се случило нешто повеќе.

Loading...

Сојузна држава Колорадо

Овој дел од САД, а тука е и Хартфорд се сопственици на најчудниот дел во Законот за брачни партнери. Имено, мажот може да преспие во затвор доколку се намршти на сопругата во недела. Останатите денови во седмицата тоа е во ред (веројатно).

Сојузна држава Јужна Каролина

Во суштина, вас како маж можат кривично да ве гонат доколку на некоја девојка и понудите брак, а не се венчате со неа. Лажното запросување или откажување од брак подлежно е на увреда против моралот и пристојноста, а технички со тоа го навредувате и Исус Христос.

Абориџински закон во Австралија

Традиционално, доколку абориџинската жена сака развод, мора да се потруди и да го убеди. Од друга страна, доколку тоа не успее можете да одите и да се мажите со друг маж, со што нејзиниот прв брак автоматски е поништен.

Делавер, САД

Поништување на бракот во Делавер и двете страни можат да побараат доколку пред брачниот суд кажат дека во брак стапиле поради обложување или шега. Колку тогаш вакви бракови имало, па морало да се донесе ваков закон е веќе друга работа.

Loading...

Веројатно некаде во светот има и почудни примери од правата на човекот, а доколку планирате да одите и да стапите во брак на овие локации, посебно во Колорадо не прашувајте дали девојката ќе се омажи за вас.