Ова се најбизарните барања за последниот оброк на затворениците осудени на смрт

Сподели со своите пријатели

Некои американски осуденици на смрт имаат право на последен оброк по свој избор пред нивната егзекуција, а она што му текнало на еден осуден убиец, спроед Lad Bible, било доволно да се нахранат десетина луѓе и се смета за најголем последен оброк од страна на осуденик на смрт во историја.

Loading...

Сето тоа се случило во 2012 година, кога 49-годишниот месар Гери Карл Симонс, кој беше прогласен за виновен за распарчување на човек со своите ножови во 1996 година, а потоа фрлил делови од неговото тело во залив полн со алигатори, беше погубен во затвор во Мисисипи.

Пица, помфрит, сладолед, сирење

Кога дошло време да го погубат, Симонс нарачал неколку оброци од речиси 30.000 калории, доволно за да нахрани десет луѓе.

Не е познато дали успеал да изеде се, но наводно изел половина од овој оброк 90 минути пред неговата егзекуција и пробал по малку од се.

Тој нарачал две пици со средна големина на Pizza Hut Super Supreme Deep Dish, со печурки, кромид, пиперки халапењо и салама феферони и една обична пица со три вида сирење, маслинки, пиперки, домат, лук и италијански колбас.

Нарачал и десет пакувања пармезан од 200 грама, десет пакувања ранч сос од 200 мл, едно семејно пакување сирење Доритос, 200 мл сос од сирење со пиперки халапењо и уште 100 гр исечкани пиперки халапењо.

Како прилог нарачал и големи помфрит од Мекдоналдс со кечап и мајонез, а во целата нарачка имало место за десерт, па овој осуденик на смрт решил да се почести со уште два големи милкшејка од јагоди, два сладоледи од јагоди и две кока коли со вкус на цреша.

Што јаделе другите осуденици на смрт?

Овој осуденик можеби е рекордер по број на јадења и калории, но дефинитивно не е единствениот кој нарачал голема количина храна за последниот оброк.

Loading...

Џон Вејн Гејси, кој убил 33 млади мажи во Илиноис во 1970-тите, побарал 12 пржени ракчиња, кофа со оригинален рецепт KFC, помфрит и половина килограм свежи јагоди.

Лоренс Расел Бруер, расист осуден за убиство на маж во Тексас во 1998 година, нарачал две парчиња пржено пилешко, чизбургер со тројна сланина, омлет со сирење, голема чинија пржени бамии, три фахити, половина килограм скара со половина леб бел леб, пица, три пива, сладолед од ванила и путер од кикирики.

Но, тој одбил да вкуси ништо од тоа, па од 2011 година, затворските службеници во Тексас престанале да ги служат последните оброци на осудените затвореници.

Роберт Дејл Конклин, кој го убил својот љубовник со шрафцигер, а потоа го сецирал неговото тело во 1984 година во Џорџија, добил филе мињон завиткан во сланина, ракчиња запржени со путер лук-лимон, печени компири со путер, павлака, младо лукче и парчиња сланина, пченка, аспарагус, леб со путер, козјо сирење, диња, пита од јаболка, сладолед од ванила и ладен чај.

Само една маслинка

Виктор Фегуер бил осуден за убиство и егзекутиран со бесење во 1963 година, на 28-годишна возраст, а се покажало дека е последниот федерален затвореник погубен во САД пред да заврши мораториумот на смртната казна во 2001 година.

Тој бил и последниот човек кој беше осуден на смрт во државата Ајова.

Но, пред неговата смрт, Фегуер наводно побарал необичен последен оброк – само една маслинка со семка, со надеж дека од неговиот гроб ќе никне маслиново дрво како симбол на мирот.