Ова е причината зошто на жените секогаш им е постудено од мажите

Сподели со своите пријатели

Студијата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд потврди дека температурата на телото на жената е повисока од онаа на мажот. Иако многумина би помислиле дека ова би требало да ги загрее жените, сепак грешат.

Кога телото е навикнато да биде топло, поради вишокот температура, студениот воздух е уште поладен за топло тело.

Loading...

Температурата на телото е уште повисока ако жената користи апчиња за контрацепција бидејќи тие се хормонски таблети, а хормоните влијаат на телесната температура, иако ние тоа не го забележуваме.

Жените имаат помала мускулна маса од мажите, па дури и кога имаат идентична тежина. Мускулите создаваат повеќе топлина од телесните масти и на тој начин придонесуваат за добро функционирање на метаболизмот.

 

 

Исто така, разликата во хормоналниот статус придонесува за тоа дека мажите и жените имаат различни температури на телото.

Женскиот естроген и прогестерон придонесуваат за температурата на телото и кожата. Естрогенот ги шири крвните садови на рацете и нозете, поради што повеќето од топлината кај жените всушност се троши.

Loading...

Прогестеронот може да предизвика стеснување на крвните садови на кожата, што значи дека помалку крв ќе тече во некои делови од телото за да ги задржи внатрешните органи потопли, а тоа е всушност објаснувањето зошто на жените им е постудено отколку на мажите.

Хормоналниот статус кај жените се менува во текот на месецот во зависност од циклусот. Хормоните се виновни за тоа што рацете, стапалата и ушите на жените се постојано три степени поладни од остатокот од телото.