Ова е последниот трејлер за најновото продолжение на Џејмс Бонд (видео)

Сподели со своите пријатели

На 6ти ноември ни пристигнува премиерата на Spectre, најновото продолжение на филмовите за британскиот МИ6 таен агент, Џејмс Бонд.

Loading...

Како и во претходните неколку и во оваа продолжение во главната улога е Даниел Крег, но сега во друштво на преубавата актерка Моника Белучи. Филмот е познат и под името Бонд 24, затоа што ова е 24-от филм за тајниот агент од Британија.

Продукцијата го објави последниот трејлер пред промоцијата на филмот кој трае 143 минути, а се очекува да биде еден од најгледаните во последното тромесечје од годината.

Додека чекаме да пристигне најновото продолжение, погледнете што не очекува во трејлерот што  продукцијата одлучи да ни го претстави скоро пред самата промоција.