Отворени гласачките места во Иран: Предвремени претседателски избори по смртта на Раиси

Сподели со своите пријатели

Во Иран денеска се отворени избирачките места за претседателските избори, објави министерот за внатрешни работи на земјата Ахмад Вахиди.

Loading...

Претходно, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги повика гласачите да излезат на гласање во голем број, нагласувајќи дека тоа е неопходно за да се „победи непријателот“, објави Ројтерс.

„Секој што е дури и малку против револуцијата…или исламскиот систем не ви користи“, рече Хамнеи.

Изборите доаѓаат откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа минатиот месец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр