„Жените и фотографијата“ беше насловена меѓуклупската изложба која вчеравечер беше отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на која можеа да се видат 52 фотографии од 22 автори од повеќе градови од Република Македонија.
[huge_it_gallery id=”316″]
Организатор на изложбата е Фото клуб „Куманово“ во пресрет на Денот на жената, а изложени беа црно бели и колор фотографии на членовите од неколку фото клубови.
На изложбата можат да се видат различни фотографии и се надеваме дека ќе го задоволиме вскуот на различни љубители на уметничката фотографија – вели Жаклина Стефановска, координатор на изложбата.
На изложбата учество зедоа и повеќе автори кои посетуваат курсеви за уметничка фотографија на кумановскиот форо клуб, како и неколку самостојни автори, кои работеа на слободна тема.
Посетителите можат да разгледаат пејзажи,портрети,теми од секојдневието.Жените во суштина се почуствителни од нивните машки колеги,што и може да се забележи во изборот на теми – изјави Софија Петковска од Фото Клуб „Куманово.
Учество на манифестацијата по повод Меѓународниот ден на жената зедоа повеќе клубови, а голема беше заинтересираноста кај кумановци да ја посетат истата.