Во Перу змиите доживеале да им се оддаде почит во вид на музеј кој ќе биде постветен на најотровните меѓу нив.
Поставката во чии рамки се претставени 57 влечуги, отворена е од Националниот институт за здравје, со цел да им се помогне на луѓето да ги сфатат овие опасни животни и да дознаат што треба да направат во случај истите да ги каснат.
Змиите имаат лоша репутација, но тие всушност напаѓаат само кога се чувствуваат загрозени – вели Гуалберто маркас, координатор на институтот, а пренесува АП.
Loading...
Тој исто така вели дека змиите имаат важна улога во сузбивањето на глодарите и гуштерите, како и во спречување на ширењето разни заразни болести.
Инаку во перу постојат 335 видови змии од кои 33 се отровни.