Евакуирајте ја Белата куќа, најдовме непознат бел прашок, упатство е издадено оваа недела од надлежните служби во Вашингтон.
Прашокот го открил агент на Тајната служба при стандарден претрес на просториите.
Во областа во западното крило веднаш пристигнала екипа во заштитни одела.
Супстанцијата била отстранета и тестирањето покажало дека се работи за кокаин, пишува NY Post.
– Се обидуваме да утврдиме како завршил таму – велат кусо надлежните и најавуваат дополнителни тестови за да потврдат дека се работи за кокаин.
Случајот, како што се очекуваше, ги разбранува страстите во САД.
Прашокот бил пронајден во делот од Белата куќа што го користеле персоналот и разни гости.
Џо Бајден во моментот на „откритието“ не бил во резиденцијата на американските претседатели.
За викендот, тој со семејството отиде во Кемп Дејвид, а во вторникот се врати во Белата куќа, каде заедно со сопругата Џил беа домаќини на собир на активни припадници на војската по повод Денот на американската независност.
Бајден цело време бил со својот проблематичен син Хантер, како и со членовите на неговото семејство.
Хантер, кој призна дека користел крек во минатото, веднаш се најде на мета на критичарите на американскиот претседател.
Многумина од нив се сигурни дека пронајдениот бел прав му припаѓа нему.
Иако нема доказ за тоа, социјалните мрежи се преплавени со илустрации на Хантер во Белата куќа со кокаин, некои дури го споредуваат со Scarface.
Хантер беше во Белата куќа минатиот петок, пред да отпатува со својот татко во Кемп Дејвид.
Иако пудрата беше откриена дури во неделата, а Белата куќа минува низ редовни проверки, тоа не ги спречи некои да го прогласат Хантер за виновен…
Инаку, Хантер беше и на вчерашната прослава во Белата куќа… Од балконот расположен го гледаше огнометот…