Осум села и понатаму без електрична енергија поради невреме

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, поради невремето кое го зафати североисточниот регион на Македонија, без електрична енергија се селата Горно Којнаре, Орашац, Костурник, Речица, Лопате, Гошинце, Лукаре и Старо Нагоричане.

Loading...

Според метеролозите, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локални поројни дождови. Попладневните врнежи ќе бидат проследени со грмотевици.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а дневната од 15 до 28 степени Целзиусови.

Leave a Reply