Остатоци од мамут откриени во Бугарија откако нивото на Дунав се спушти на рекордно ниско ниво (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Остатоци од она што се верува дека е древен мамут се откриени во северна Бугарија, откако нивото на водата во Дунав се спушти на рекордно ниско ниво, објави новинската агенција БТА во среда, повикувајќи се на историчари.

Остатоци од животното беа пронајдени во среда од жител на бугарското село Рјахово, кој забележал необична глетка на речното корито.

 

 

Мештаните потоа ги информираа експертите од Регионалниот историски музеј во блискиот град Русе, објавува Ројтерс.

Директорот на музејот, Николај Ненов, изјави за БТА дека по пристигнувањето на местото, експертите ја препознале долната вилица, два заби и веројатно едно ребро од мамутот, и дека коските ќе бидат отстранети во четврток за подетален преглед со цел со сигурност да се утврди нивното потекло и возраст.

 

 

 

„Не би рекол дека ова е сензационално откритие, но секое наоѓање на толку антички остатоци е многу важно за науката“, рече Ненов, додавајќи дека долго време се верувало дека областа била мочуриште каде што животното веројатно умрело пред илјадници години.

 

 

Нивото на водата во Дунав падна на рекордно ниско ниво во последните недели поради продолжените летни топлотни бранови и суша, кои ги погодија реките низ Европа, вклучувајќи ги и важните водни патишта како што е Рајна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Регионален исторически музей – Русе