Османи стигна до потребните потписи, Димитриевски на чекор до целта

Сподели со своите пријатели

Бујар Османи, кандидатот за претседател на ДУИ е првит што успеа да ги собере потребните 10.000 потписи за да ја официјализира својата номинација.

Loading...

Веднаш зад него, е кумановскиот градоначалник и кандидатот за претседател од ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски кому му недостасуваат 1.600 потписи.

Според Државната изборна комисија, Димитриевски досега ја добил поддршката од 8.400 граѓани.

Следува Арбен Таравари, кандидатот на опозицијата во албанскиот политички блок, кој собрал 8.000 питписи.

Според ДИК, кандидатката на Левица Билјана Ванковска има поддршка од 6.237 потписи, а кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски 4.718.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Следната година ќе имаме уште поквалитетно украсување

Само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не мора да собираат потписи за своите кандидати Стево Пендаровски и Гордана СИлјановска – Давкова, но најавија дека сепак ќе го сторат тоа.

Останатите потенцијални кандидати за претседатели скоро и да немаат шанси до 8ми март да ги соберат потребните 10.000 потписи од граѓаните. Од нив предничи Мерсиха Смаиловиќ со 696 потписи, а на пример кандидатот Томе Николовски не добил поддршка од апсолутно ниту еден граѓанин.

Никола Ивановски

Loading...