Османи на средба со Матео Мекачи

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денес оствари средба со Матео Мекачи, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата беше истакната соработката меѓу ОДИХР и нашите релевантни институции од осамостојувањето до денес. Станува збор за континуиран, активен дијалог и продуктивни односи во рамките на серија важни политики поврзани со реформата на изборниот систем, создавање на предуслови за фер и слободни избори, толеранција и недискриминација, родова еднаквост, итн.

Loading...

“Поддршката и соработката со ОДИХР во делот на политиките поврзани со реформската агенда се од големо значење за натамошното унапредување на демократските процеси и промоција на човековите права во нашата држава. Видливиот исчекор на овој план неминовно означува напредок, како и дополнителна аргументација на патот на нашите надворешно-политички приоритети, пред се, членството во ЕУ. Остварувањето на заложбите и принципите на ОБСЕ/ОДИХР се всушност наш конкретен придонес кон агендата на Организацијата со која ќе претседаваме во 2023 година и конкретно постигнување на планот на натамошниот развој на демократското милје во земјата.” – истакна министерот Османи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Во контекст на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, беа разменети мислења за можностите за афирмација на Северна Македонија како земја-претседавач, но и за предизвиците имајќи ја предвид ситуацијата во Украина и сложениот геополитички момент во регионот на ОБСЕ.