Ослободени 82 руски војници од украинско заробеништво

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Украина ослободила 82 заробени руски војници, во последната размена на заробеници меѓу двете страни.

Loading...

„Како резултат на преговарачкиот процес на 31 декември, 82 руски војници чии животи беа во опасност се вратени од територијата контролирана од режимот на Киев“, соопшти Министерството, пренесува РИА Новости.

Министерството прецизираше дека ослободените војници ќе бидат префрлени во Москва со воено транспортни авиони на руските воздушни сили на лекување и рехабилитација во медицинските установи на Министерството за одбрана на Русија.

На сите ослободени војници им е укажана потребната медицинска и психолошка помош, додаваат од Министерството за одбрана.