Орбан: Економската неутралност, мирот и одбраната од надворешно влијание се клучни за Унгарија

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека владата на земјата се потпира на економска програма од 21 точка, економска неутралност и посветеност на мирот за да го поттикне економскиот раст.

Loading...

Орбан посочи дека Унгарија очекувала промена на администрацијата во САД и доаѓање на републиканската влада на Доналд Трамп, што, според него, ќе доведе до мировни преговори и економско закрепнување, пренесе МТИ.

Тој изјави дека војната во Украина ја чинела Унгарија досега меѓу 6,5 и 7 милијарди евра и дека очекува силно надворешно влијание врз економијата на земјата.

Покрај економските приоритети, Орбан нагласи дека клучна задача во претстојната политичка сезона ќе биде да се разоткријат начините на кои американските пари биле користени за влијание врз унгарското јавно мислење, како и да се развијат механизми за заштита од такви операции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон: Нашата безбедност и интереси се загрозени поради војната во Украина

Тој се осврна на неодамна објавениот список на американската администрација, на кој се вклучени поединци и организации кои добиле финансиски средства за да влијаат на други земји, вклучително и Унгарија.

„Треба да разбереме како функционираше тој систем и какво беше неговото влијание врз одлуките на владата, парламентот и јавното мислење. После тоа, итно ќе развиеме и имплементираме одбранбени механизми, по примерот на добро воспоставените методи на САД“, рече Орбан, пренесе Танјуг.