На денешната свечена седница по повод 11 Ноември – Ден на градот, беа доделени и традиционалните Ноемвриски награди, кои со одлуката на Комисијата за награди и признанија при општина Куманово, оваа година отидоа во рацете на четворица поединци и два правни субјекта.
[huge_it_gallery id=”230″]
Со ноемвриски награди се закитија Светлана Антиќ – Јовчевска, новинар и публицист, Томислав Нешковски – гитарист и ликовен уметник, Мерлин Стојановска – кореограф, како и поранешниот боксерски тренер Мирослав Петровиќ.
Во своето обраќање Антиќ – Јовчевска истакна дека е потребно да се покаже поголема почит кон новинарите затоа што тие ги прават познати чинителите во општеството.
На оваа свечена седница кога нашиот град одбележува 71 година постоење, беа заборавени моите колеги новинари. Треба да се обрне поголемо внимани, и тие да бидат повеќе почитувани без оглед што новинарството во светот е во криза, а во Македонија посебно. Без новинарите, многумина од вас не би биле тоа што се, истакна Антиќ – Јовчевска.
Од правните субјекти ноемвриската награда замина во рацете на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ која оваа година одбележува 70 години од своето постоење, како и КУД „Бајрам Шабани“ од Куманово.
Благодарници за особен допринос во промоцијата на градот добија НВО „Мајка“, лекарот Фадиљ Малиќи, како и учесникот во Народно ослободителната војна, Јордан Цеков Дане.