Опомени за хаварисаните возила низ Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Хаварисаните, неисправни или нерегистрирани возила паркирани на јавна површина низ Куманово добија опомени да се јават во инспекциските служби.

Loading...

– Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при општина Куманово ги известува граѓаните на територија на Куманово дека од денеска (10.04.2025 година) се ставаат опомени на хаварисани, неисправни или нерегистрирани моторни возила, кои се паркирани на јавна површина во градот, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Како што е посочено во соопштението, се повикуваат сопствениците на ваков вид возила да се обратат до Сектор за инспекциски надзор, со цел возилата бесплатно да им бидат транспортирани на соодветна локација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вежба за евакуација во ООУ „Браќа Миладиновци“

– Во спротивно, доколку сопствениците не постапат согласно со бараното, против нив ќе биде поднесена Пријава за сторен прекршок, според член 63, став 1 и 2 (Закон за безбедност на сообраќај на патишта), член 14 а, став 2 (Закон за јавна чистота) и член 67, став 3 (Закон за управување со дополнителни текови на отпад), стои во соопштението.

Никола Ивановски

Loading...