ООУ „Вук Караџиќ“ одбележа 78 години постоење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општинското основно училиште „Вук Караџиќ“ вчера одбележа 78-години од своето постоење  и 236 години од раѓањето на својот патрон.

Loading...

 

 

По тој повод беше организирана прослава под мотото: „Со хумор и песна, учењето е лесно” , а учениците под менторство на своите наставници подготвија свечена приредба со повеќе музички, рецитаторски и фолклорни точкии  се претставија пред присутните гости.

 

 

Loading...

– Куманово е град на шегата, на смеењето, на хуморот…Кумановците се надалеку познати по добро расположение,  дружење и  позитивен дух. Хуморот во комбинација со песна и игра е нешто што го носи во себе секој вистински кумановец. А кога тоа ќе дојде од учениците, тогаш немаме сомнеж дека тоа е нешто искрено, весело и исконско. Голема благодарност до наставничкиот колектив, вработените и учениците што со многу труд и љубов ги подготвија денешните активности.  Посакувам уште многу години да славиме вакви јубилеи, а училиштето да го задржи реномето на едно од најдобрите училишта во Општина Куманово – изјави директорот, Ивица Ѓорѓиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви