На прес конференција која денеска ја одржа портпаролот на Општинската Организација на СДСМ – Куманово, Сашо Тодоровски, беше истакнато дека премиерот Никола Груевски се фали со нови прозорци на ООУ „Браќа Миладиновци“, а инвестицијата е остварена преку Централната Европска Банка.
Премиерот во заминување се сликаше и си замина. Пропагандата на провладините медиуми треба да ја покрие срамната поеста. Граѓаните на Куманово слушнаа како Груевски се фали со нови прозорци во ОУ „Браќа Миладиновци“, но знаат дека оваа училиште само си ги обезведи средствата преку Центаралната Европска Банка во рамките на инструментот Инвезстицика рамка за Западен Балкан – вели Тодоровски.
Тој додава дека на Куманово според СДСМ му се потребни реални инвестиции кои ќе ги подобрат условите за живот и ќе ги задржат младите да останат во овој град.