Во организација на Општинската Организација на СДСМ Куманово, денес се одржа традиционална крводарителска акција, втора по ред во текот на 2015 година.
Loading...
Почнувајќи од 2007 година, денешната акција е 23 – та крводарителска акција, со што членовите на ОО на СДСМ Куманово, даруваат од 80 до 120 единици крв, соопшти Мартин Костовски, претседател на кумановскиот огранок.
Со оглед на високите температури, на денешната акција која ќе трае до 17 часот, се очекува да се соберат минимум 80 единици.
Одзивот на членовите на ОО на СДСМ Куманово и останати крводарители беше масовен.