ОН: Загинати најмалку 142 деца во Украина

Сподели со своите пријатели

Речиси две третини од украинските деца мораа да ги напуштат своите домови во шесте недели од руската инвазија, објави во понеделникот агенцијата за деца на ОН УНИЦЕФ.

Loading...

Убиени се најмалку 142 деца

ОН, исто така, потврди дека се убиени најмалку 142 деца, иако предупредуваат дека реалниот број е речиси сигурно многу поголем.

Мануел Фонтејн, директор за итни програми на УНИЦЕФ, кој штотуку се врати од Украина, рече дека 4,8 милиони од 7,5 милиони деца во Украина биле раселени за толку кратко време, нешто што не се случило со тоа темпо во 31 година од неговата хуманитарна работа.

За оние деца за кои се проценува дека останале во своите домови, „речиси на половина им се заканува да немаат доволно храна“, рече Фонтен пред Советот за безбедност на ОН.

Ситуацијата е уште полоша во Мариупол и Херсон

Тој предупреди дека ситуацијата е веројатно полоша во градовите како Мариупол и Херсон, каде што нема вода или санитарни услови, а снабдувањето со храна и лекови е нарушено.

Во меѓувреме, украинскиот амбасадор во ОН Серхиј Кислиција тврди дека Русија однела повеќе од 121.000 деца од Украина и наводно подготвила закон за поедноставување и забрзување на процедурите за посвојување.

Loading...

Фонтен рече дека засега „нема докази“ за ваквите обвинувања, но дека УНИЦЕФ ќе го истражи тоа.