„ОКТА“ нема да го раскине договорот со „Макпетрол“ туку ќе го суспендира

Сподели со своите пријатели

Во кусото соопштение што компанијата „Окта“ го испрати до медиумите стои дека тие нема да го раскинат договорот со „Макпетрол“ за снабдување на енергетски деривати, туку ќе го суспендираат се додека не се разреши моменталната ситуација со блокираната сметка на компанијата.

Loading...

Инаку против челниците на „Макпетрол“ се поднесени кривични пријави, а сметката на компанијата е блокирана. Со тоа неизвесна е судбината на оваа компанија, како и на Телевизија Телма, но и доведена е во прашање енергетската стабилност на земјава.