Околу 11 милиони Италијанци ќе патуваат за Велигден. Се очекува промет од 4,9 милијарди евра!

Сподели со своите пријатели

Околу 11,3 милиони Италијанци ќе патуваат за велигденските празници, од кои околу 2,7 милиони ќе изберат продолжен одмор, а вкупниот промет се очекува да изнесува 4,9 милијарди евра, се вели во анализата на организацијата Текне.

Loading...

Најголемиот број Италијанци ќе заминат на одмор на Велики петок, а околу 88 отсто од патувањата ќе бидат домашни, пренесува Анса.

Се додава дека голем број Италијанци ќе престојуваат во домовите на членовите на семејството или пријателите, но дека и хотелите ќе забележат зголемување на бројот на гости.

Релаксација, прошетки, искуства со храна и вино и контакт со природата ќе бидат главните елементи кои ќе ги водат активностите на Италијанците за овие празници, главно посветени на одмор“, вели Текне, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Велики Петок: Најтажниот ден во христијанството!